Советување

Ние сме тука да Ви помогнеме во уредувањето на ентериерот кој одговара на вашиот стил на живот каде завесите се важен дел од таа приказна. На ваша покана одбраните модели на завеси ќе Ви бидат презентирани во Вашиот дом. Нашата посета е бесплатна. Убавината на ваквата услуга е што го олеснува изборот на материјали и боја, затоа што ќе може да видите како истите изгледаат во склоп со останатите елементи од околината на уредување.

Мерење

После првиот чекор – избирањето на соодветниот модел на завеса, боја и материјал, земањето мерки е најважниот чекор при изготвување на завесите. Затоа, треба да се следат инструкциите за мерење што ќе Ви бидат дадени од нашите вработени. Во најголем дел, ние ги премеруваме потребните позиции и димензии.

Шиење по мерка

Посебно сме горди на високиот стандард и квалитетот на нашата услуга шиење по мерка. Во нашите салони секоја завеса се изработува посебно за секој клиент. Тим од професионалци со долгогодишно искуство и техничка спремност ќе пристапат кон изработка, што е вистински третман на Вашите барања во време на масовно производство.

Сите завеси се изработуваат во најкраток можен рок, без жртвување на ниту  еден елемент од квалитетот на завесите.

Монтажа

Монтажата на купените завеси од нашите салони е бесплатна.

Исто така, вршиме и монтажа на корнизи која се наплаќа по должен метар.