Кои сме ние?
МБ Трејд се салони за завеси чија приказна започна од 1992 година. Постојано проширувајќи ја својата понуда, ние сме еден од лидерите во државата за видот на производи и услуги што ги нудиме. Благодарение на нашето дведецениско искуство и експертиза, успешно и со задоволство им помагаме на сите наши клиенти при создавањето атмосфера на удобност, хармонија и луксуз во нивниот ентериер на живеење или работење.
МБ Трејд останува доследна на работата низ текот на сите години постоење. Наш најголем стремеж во работењето е задржување на конзистентноста во понудениот квалитет, што е многупати докажано преку лојалноста на нашите купувачи. Сведоштво за ова е богата референтна листа на која покрај големиот број приватни објекти, се наоѓаат и бројни угостителски објекти како: хотели, мотели и апартмани од земјата и регионот, државни институции итн.
Целта на тимот на МБ е да стане заштитен знак на секое домаќинство, хотел, ресторан… и да создава чувство на комфор, задоволство и луксуз.
Три приоритети
од кои сме водени во работењето- Користење на висококвалитетни материјали – Материјалите кои ги нудиме се со висок, проверен и потврден квалитет, различен од копиите на одредени модели на завеси кои неретко се нудат на пазарот.

- Континуирано следење на модните трендови – Како и за облека, обувки, модни додатоци, шминка или пак, мебел, така постојат модни трендови и за завеси. Во нашите изложбени салони моделите се менуваат согласно најновите креации на дизајнерите во најголемите светски центри за текстил, па Ви нудиме неповторлива можност за постигнување амбиент во просториите кои ги уредувате „како од каталог“.

- Постигнување оптимална комбинација на цена и квалитет – Акумулираното искуство на неуморниот тим на „МБ“ ќе се погрижи да добиете беспрекорна услуга по достапни цени.
Визија:
„Да имаме удел во креирање на урбани ентериери преку подобрување на стандардите за уредување во секојдневниот животен стил на нашите клиенти.“
Мисија:
„Преку единствена комбинaција од: дизајн, функционалност, квалитет и цена, да им обезбедиме можност на нашите клиенти да го претворат својот дом од соништата во реалност. Не продаваме само производ, туку комплетна услуга околу потребите на клиентите – а успешното креирање на индивидуални решенија за нив го постигнуваме преку професионалност и истрајност во работата.“