Завеси МБ Трејд

Uncategorized

  • Hello world!

    Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!

  • ЗАВЕСИ

    Завесите се како парче мебел. Тие имаат улога да ги поврзат останатите елементи присутни во ентериерот. Даваат чувство на комплетност, притоа доведувајќи го до совршенство и чувството за пријатна околина. Со своите бои и текстура на ткаенината, завесите секој простор го претвораат во топол и удобен амбиент. Ние Ви нудиме стотици материјали на лагер и уште повеќе со можност за нарачка, со чија елеганција, дискретност или пак, екстравагантност, ќе го остварите посакуваниот естетски ефект. Бирајте помеѓу моделите на маркизет, кристал маркизет, органтин, чипка, кетен, наспен, сувела, свила, лен…

    Еден од принципите во нашето работење е континуирано следење на најновите трендови. Ако Вашата пријателка има завеси веќе од пред неколку години, а Вие сакате иста – нема да го најдете истиот модел во нашите салони. Но, затоа ќе ги најдете најновите модели кои се тренд во светот во однос на материјалите, боите, текстурата и дезените, како и нивниот начин на одржување кој е иновиран и сведен на минимум потребно време и труд.

    ДА или НЕ за завеси?

    Се чини дека ова е најчестата дилема која се јавува кај секој што е поставен пред предизвикот да го уреди својот дом најдобро што знае и умее.
    На нивно изненадување, речиси сите наши клиенти кои првично се одлучиле само за „модерната и елегантна“ опција на венецијанер ролетни, се вратиле во потрага по тоа што недостасува, а ја разликува атмосферата на домот од онаа во една работна канцеларија.

    Ние ја оставаме настрана темата за „парадоксот на изборот“, и Ве предизвикуваме да НЕ одберете нешто од понудата на МБ Трејд.

Close