Во нашите салони се изложени најмалку 500 материјали кои се достапни на лагер и уште стотици со можност за нарачка. Со нивната елеганција, дискретност или пак, екстравагантност, ќе го остварите посакуваниот естетски ефект. Бирајте помеѓу моделите на маркизет, кристал маркизет, органтин, чипка, кетен, наспен, сувела, свила, лен… Нашата понуда исто така се состои и од зебра, роло и пакето завеси кои се модерна алтернатива на класичните; корнизи и дополнителна галантерија, како и хотелски и ресторантски програм.

Погледнете ги категориите во продолжение, и одлучете кое е најдоброто решение за вас!

Завеси и драперии

Завесите се како парче мебел. Тие имаат улога да ги поврзат останатите елементи присутни во ентериерот. Даваат чувство на комплетност, притоа доведувајќи го до совршенство чувството за пријатна околина. Со своите бои и текстура на ткаенината, завесите секој простор го претвораат во топол и удобен амбиент.

Речиси ниту едно парче мебел или декорација ја нема силата да создаде одредена атмосфера во еден простор како што тоа го прават драпериите. Тие имаат повеќекратна намена: декорирање на просторот, заштита од сонце, целосно затемнување (blackout материјали). Ние Ви ги нудиме во широк спектар од материјали, бои, комбинација на повеќе бои и мотиви, а дел од нив имаат и сертификат за негоривост.

Зебра завеси

Голем дел од нашата понуда се состои од специфичниот тип на ден и ноќ, или како најчесто се нарекуваат зебра завеси кои се хит во светот.

Зебра завесите се изработуваат од двослојно платно со транспарентно и нетранспарентно поле на ткаенината за регулирање на светлината, но истовремено и постигнување модерна естетика во ентериерот. Ова е иновативно, практично и елегантно решение за заштита од светлина, изработено по димензии на купувачот. Достапно во многу дезени.

Роло завеси

Роло завесите се најефикасен и најпрактичен начин за заштита од сонце и истовремена декорација на просторот. Составени се од механизам и платно кое се движи со помош на ланче. Освен за домашни простори, овие завеси се и одлично решение за сите деловни објекти: банки, хотели, кафичи, ресторани, итн.

Нудиме најсовремени:

  • дупло роло: Составени се од две различни платна прикачени на механизам, едното за пропуштање на светлина, а второто за декорација. (како на фотографијата)
  • принт скрин роло: за заштита од УВ зрачење, но со директно пропуштање на светлина во просторот поради перфорираното платно.
  • принтано роло: Изберете една од многуте понуди во каталозите или инспирирајте се со Ваша слика која исто така може да се испечати на роло завеса.

Пакето (механизми)

Пакето е нов современ стил на завеси со специфичен начин на поставување. Всушност, завесата се поставува на посебен механизам од тенки шипки вградени во самиот материјал на одредени полиња, по кои завесата се дипли нагоре. Се изработуваат по мерка, а за секоја потребна информација околу нивното одржување ќе Ви помогнат стручните лица на продажните места.

Детски завеси

Децата се единствени кои во нашите салони најбрзо донесуваат одлука за изборот на завеса. Нивен критериум се хероите од омилените цртани и филмови.

Детските завеси се вистинска радост за најмалите, и ќе ги направат нивните соби омиленото место за одмор, учење, игра и спиење. Поради тоа што овие завеси се со весели мотиви, богат колорит, флуоресцентни елементи итн., тие ќе направат просторот да е подинамичен, поинтересен, весел и инспиративен.

Венецијанер ролетни

Венецијанер ролетните се наједноставен начин да ги засените прозорците. Изработени од најквалитетен алуминиум гарантираат постојаност на обликот и бојата.

Вградени во рамките на прозорецот делуваат дискретно и ненаметливо, а со изборот на вистинската боја претставуваат модерен додатен елемент на просторот. Монтажата е брза и едноставна, а достапни се во многу бои.

Вариолајт ролетни

Вариолајт ролетните се популарен начин за разубавување на канцеларии и разни деловни објекти. Освен што претставуваат практично решение за блокирање на надворешната светлина, истите обезбедуваат приватност и придонесуваат за естетски изглед на просторот.

Изработени од пластифицирана ткаенина прикаченa на алуминиумски механизам, вариолајт завесите се лесни за мануелно ракување со помош на ланче. Одбиваат прашина и долго време остануваат чисти. По подолго време на користење, потребно е нивно хемиско чистење.

Корнизи

Корнизите се важен дел при уредување на просторот. При нивниот избор треба да се води сметка со својот облик и дизајн колку што е можно повеќе да ја следат линијата на останатиот мебел, бидејќи со монтирањето и тие стануваат дел од него.

МБ нуди корнизи изработени од најразлични видови материјали и уште толку дезени: инокс, месинг, алуминиум, силикон, PVC, дрво. Од неодамна, кај нас можете да ги најдете ексклузивните стаклени корнизи со различна дебелина и декоративни завршетоци.

Галантерија, додатоци

По изборот на завеса, следува и одлука за избор на украсни елементи кои  служат за обликување на завесите и драпериите, и прилагодување на нивниот изглед според вашата замисла. Покрај изразената декоративна карактеристика, овие производи имаат и многу практична примена.

Хотелски и ресторантски програм

Угостителските објекти во нашите салони ќе ги најдат потребните:

  • За хотели: заштитници, прекривачи, постелнини (единечни и дупли, памучни, сатенски), перници, јоргани, пике…
  • За ресторани: ранери, чаршафи, натчаршафи, салфети, навлаки за столици…